Др. Пановски: „AстраЗенека“ е добра и безбедна вакцина

од Берта Китинска
423 прегледи

Од вакцините коишто ги има кај нас најмногу податоци за безбедност има за АстраЗенека и според мене е најбезбедна, бидејќи најмногу знаеме за неа, вели микробиолгот д-р Никола Пановски.

– За жал во јавноста најмногу и веруваат на кинеската вакцина за која ништо не знаеме, потоа доаѓа Спутник за која нешто знаеме, па потоа доаѓа АстраЗенека. Мене ми е нелогично за другите вакцини да не се зборува. Ако сте вакцинирале денеска 3 милиони луѓе, веројатно на некој од тие 3 милиони му дошол судниот ден и без да го боцнат да добие тромбоза или да умре. И кога тоа е мерено на 100 илјади, да речеме кај Фајзер е еден кома нешто, а кај АстраЗенека е еден процент(смртни случаи по примена вакцина). Но, таа смртност на еден на 100 илјади е иста и кај невакцинирани, така треба да се спореди и тромбозата. Што, кај Фајзер и Спутник нема тромбоза, зошто би немало кај Спутник кога и таа е направена со аденовирус исто како и АстраЗенека, изјави Пановски во гостувањето на Сител.

Слични содржини