Германското министерство за здравство: Вакцинираните лица не пренесуваат инфекција!

од Берта Китинска

Германскиот епидемиолошки институт „Роберт Кох“ објави дека луѓето вакцинирани против коронавирус немаат никаков ризик од пренесување на инфекцијата, по што германскиот министер за здравство Јенс Шпан објави денеска ублажени мерки за вакцинираните

– Кој е целосно вакциниран, во иднина треба да се третира како луѓето со негативен тест за ковид 19 – рече Шпан во интервју за неделното издание на дневниот весник „Билд“.

Тој се осврна на извештајот на државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“, од кој произлегува дека можноста за пренесување на коронавирус е помала кај лицата кои биле целосно вакцинирани, пренесе Хина.

Според најновите откритија, ризикот од пренесување на коронавирус кај лица кои биле вакцинирани, не подоцна од 15 дена по приемот на втората доза на вакцина, е помал отколку кај луѓето со негативен тест за коронавирус, според извештајот на Роберт Институт Кох.

Според институтот, луѓето кои примиле втора доза на вакцина треба да бидат изземени од задолжителни тестови и карантин.

Германскиот министер за здравство рече дека извештајот на Институтот бил испратен вчера до федералните провинции со цел што побрзо ослободување на лицата кои биле вакцинирани од обврската за тестирање и самоизолација.

Вакцинираните лица би можеле да имаат пристап до услуги како што се фризерство или влегување во продавници или музеи каде што е потребен тековен негативен тест.

Слични содржини