Некој нов Хари? Никогаш не сме го виделе принцот во вакво издание!

од Vladimir Zorba
398 прегледи

Иако целиот свет сè уште зборува за интервјуто кое тој и го даде на Опра Винфри со неговата сопруга Меган Маркл, принцот Хари на новите фотографии изгледа порелаксирано од кога било.

Папараци го фати оваа недела на плажа во Санта Барбара каде уживаше со своето куче, лабрадорот Пула, без сопругата и синот Арчи.

По тој повод, тој облече обична бела маица и шорцеви со џебови, па дури и ги соблече патиките на плажа. Босиот и опуштениот принц беше препознаен од папараците, иако се обидуваше да се скрие под капа и очила за сонце, но не дозволи да му биде одвлечено вниманието од блицевите на фотоапаратот, а со него беше и телохранител кој се погрижи никој да не му приоѓа премногу блиску.

Се чини дека Хари води сосема поинаков живот далеку од кралскиот двор и ужива во слободата од строгите кралски правила што мораше да ги почитува пред да си даде оставка и да се пресели во САД со своето семејство.

Тој исто така неодамна се вработи во американска компанија која се занимава со персонализирана психолошка помош и нуди услуги за тренирање живот, а набргу потоа најде друга работа во Аспен институтот што се занимава со нарушувања во светот на протокот на информации. Не е познато колку ќе заработува, но Меган и тој веќе имаат финансиски обезбедени милиони договори со стриминг услугите Нетфликс и Спотифај.

Тие исто така разговараа за тоа на Опра каде открија дека биле принудени да го направат овој потег откако кралското семејство ги прекинало финансирањето и осигурувањето на почетокот на 2020 година. Како родители на едно мало дете и со друго на пат, мораа да прифаќаат понуди за да можат да си дозволат безбеден и удобен живот.

Слични содржини