Актерката Кејт Винслет рече дека познава најмалку четири личности од холивудскиот актерски свет кои се плашат јавно да објават дека се хомосексуалци.
Неодамна, една таква личност, позната актерка, му признала на својот агент дека е бисексуалка, на што добила одговор од кој Винслет е непријатно изненадена.
„Разбирам дека сте бисексуалка, но не би го објавил тоа јавно“, рекол агентот.
„Ми текнува на најмалку четири актери кои ја кријат својата сексуалност. Болно е затоа што се плашат дека луѓето ќе го дознаат тоа”, коментира Винслет, нарекувајќи ја филмската индустрија „осудувачка, дискриминаторска и хомофобична”, пишува „Unilad“.
„Ammonite“ е новиот филм со Винслет во главната улога, а нејзиниот лик има тајна врска со друга жена која ја игра Саоирс Ронан.
„За мене е неверојатно колку луѓе се фокусираат на љубовните сцени во филмот затоа што во нив има две жени“, рече Винслет.
„Искрено ви велам, никогаш не сум бил испрашувана толку многу за сцени од хетеросексуална природа, што сум ги снимила во голем број“, додаде таа.