Американскиот рапер ДМХ беше отстранет од уред за поддршка на животот по срцевиот удар, изјави неговиот адвокат Мареј Ричман за американските медиуми, додавајќи дека не знае дали станува збор за предозирање и дека е загрижен за неговата состојба.
Марај Ричман за американските медиуми изјави дека сè уште е „загрижен“ за животот на 50-годишната хип-хоп везда.
„ДМХ моментално е во болница, тој е таму поради срцев удар“, изјави Ричман за њујоршкиот медиум „PIX11 News“.
Раперот Ерл Симонс страда од астма уште од детството, а претходно беше хоспитализиран поради други здравствени проблеми, вклучително и зависност од дрога.
Да потсетиме, DMX е една од најголемите рап sвезди што се појавија во текот на 90-тите години на минатиот век. Последниот настап го имаше во јули 2020 година, кога заедно со Снуп Дог пееја на онлајн-емисија.
Некои од неговите видеа имаат повеќе од 100 милиони прегледи на Јутјуб.