Вјоса Османи: Северна Македонија не заслужува вето од Бугарија

од Andreja Salpe
362 прегледи

Новоизбраната претседателка на Косово, Вјоса Османи, смета дека е преседан бугарското вето кон Северна Македонија на патот кон ЕУ.

– Моја проценка, произлегува од фактот дека подолго време го следам процесот на интеграција на Западен Балкан, не треба да имаме такви случаи, кога прашањата се од историска природа, а проценките на историјата го блокираат напредокот на држава кон Европската унија. Затоа што кога е направена евалуација на реформите, проценката за извршувањето или исполнувањето на тие реформи се прави во сегашниот момент – изјавила новоизбраната преседателка на Косово, Вјоса Османи, во изјава за косовски медиуми во декември минатата година, додека била В.Д претседателка на Косово.

– Но, да се каже дека прашањата за идентитетот треба да бидат дел од вето за членство во Европската унија, и покрај реформите, мислам дека тоа е голема грешка, што им штети на граѓаните на Северна Македонија кои не ја заслужуваат штетата што им е направена изјавила Османи.

Слични содржини