370
Повеќето Германци не веруваат во ветувањето на владата дека ќе им ја понуди вакцината на сите луѓе подготвени за вакцинација до 21 септември.
Анкетата на јавното мислење од Институтот „Југов“, покажува дека дури две третини не веруваат во ветувањето на канцеларката Ангела Меркел.
Така, само 23 отсто од Германците веруваат дека владата ќе го исполни ветувањето.
Од друга страна, дури 62 отсто не сметаат на можноста за исполнување на оваа цел.
Канцеларката Меркел во повеќе наврати најави дека сите возрасни Германци кои сакаат да се вакцинираат ќе можат да го сторат тоа до 21 септември.