40 голи жени се фотографирале на балкон во Дубаи, им се заканува казна затвор (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
610 прегледи

Група од 40 жени кои позираа голи на балкон на зграда во Дубаи може да бидат осудени на шест месеци затвор и парични казни за нарушување на јавниот ред и мир и развратно однесување.

Уапсен е и Русинот кој го организирал „развратното“ фотографирање на модели од Русија, Украина, Белорусија и Молдавија, кое шокирало многу соседи и минувачи.

За нарушување на јавниот ред и мир со чин на разврат може да се добие казна затвор до шест месеци и парична казна од 5000 дирами.

Полицијата во Дубаи предупреди дека на секој што ќе објави порнографски материјал или каков било материјал што „може да му наштети на јавниот морал“ му се заканува затвор и парична казна.

Секоја личност што живее во ОАЕ или ја посетува ОАЕ е предмет на нејзините закони и нема исклучоци за туристите.

Слични содржини