Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ го напушта Милан на крајот на сезоната, велат извори блиски до клубот. Италијанскиот стручњак, Николо Шира за „Меркато“ објави дека Милан сигурно нема да ја продолжи соработката со Хрватот.
– Милан нема да го продолжи четиримесечниот договор со Марио Манџукиќ, кој завршува на крајот на мај. „Росонерите“ имаат можност да го продолжат договорот до летото 2022 година, но тоа нема да го сторат затоа што техничкиот директор Паоло Малдини и спортскиот директор Фредерик Масара не се задоволни од Хрватот, тврди Николо.
Причината зошто Милан нема да ја продолжи соработката се постојаните повреди кои го мачат Манџукиќ, а во исто време тој е далеку од неговата вистинска форма. Хрватскиот фудбалер се уште нема постигнато гол за Милан на официјален натпревар.