221
Момче (22) од Германија се здобило со сериозни повреди откако паднало од тераса на четвртиот кат, обидувајќи се да избега од казната поради социјален собир што ги крши ограничувачките мерки, соопшти денеска полицијата.
Тој бил меѓу четворицата млади момчиња кои се состанале на забава во стан во Виперфорт, во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, во петокот, пренесуваат медиумите.
Откако сосед повикал полиција, двајца се скриле на терасата кога полицијата заѕвонила на вратата.
Додека полицијата разговарала со другите двајца на влезната врата од станот, момчето паднало, веројатно додека се обидувало да премине на соседната тераса.