Руската вакцина „Спутник V“ е помалку ефикасна против јужноафриканскиот вид на коронавирус, се наведува во препечатеното истражување на американските научници објавено на сајтот MedRxiv.
„Покажавме дека крвниот серум на примателите на вакцината Спутник во Аргентина имаше просечно намалување од 6,1 пати и 2,8 неутрализирачки активности против мутацијата Б.1.351 (јужноафрикански сој) и мутација E484K“, се наведува во истражувањето.
Научниците истакнаа дека, иако вакцината „Спутник V“ веројатно одржува силна ефикасност во спречување на тешки форми на ковид 19, нивните податоци покажуваат загрижувачка способност на Б.1.351 да избегне одговор на неутрализирачки антитела по вакцинацијата.
Претходно, директорот на Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург, во интервју за Спутник изјави дека вакцината „Спутник V“ пружа заштита од јужноафриканскиот вид на коронавирусот, но дека проучувањето на оваа ова прашање сè уште трае.
Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.