Научниците од Jagiellonian University Medical School во Краков објасниле дека женското тело е почувствително во втората фаза од менструалниот циклус, затоа тие се особено чувствителни на мириси во тој период.
„Во оваа фаза, тие се поподложни на инфекции, па нивното тело се обидува да избегне работи што можат да бидат штетни“, објаснуваат тие, додавајќи дека иако нивната студија била мала, повеќето учесници потврдиле дека разни мириси им биле поодбивни во тој период од вообичаено.
Студијата вклучува 93 жени на возраст меѓу 18 и 45 години.
Од нив било побарано да замислат седум различни ситуации и да го проценат нивото на одбивност откако погледнале 20 фотографии. Тие го сториле истото додека биле во фоликуларна фаза (петти или шести ден од циклусот), а потоа повторно во лутеалната фаза (петти ден по позитивен тест за овулација или 20-ти ден од циклусот, ако резултатот од тестот за овулација не бил позитивен).
Во текот на втората половина на циклусот (лутеална фаза), кога прогестеронот ја потиснува имунолошката функција, на жените им биле поодбивни, повеќе од вообичаено, работи како непријатни телесни мириси.
Истражувачите заклучиле дека самата помисла на бактерии е навистина непријатна за жените во тој период, пренесува „Метро“.
Своето откритие научниците го објавија во списанието Evolution and Human Behaviour.