Денес општините Сопиште и Ѓорче Петров без струја

од Andreja Salpe
221 прегледи

Поради технички зафати во електро-системот на Град Скопје, денес без електрична енергија ќе останат делови од општините Сопиште и Ѓорче Петров.

-Во период од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „14″ во населба Припор. Во период од 10:00 до 15:00 часот, пак, прекин на електрична енергија ќе имаат објектите во околината на железничката станица во село Волково, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.