Новиот концепт на учење ќе ги менува наставниците, но и пристапот кон учениците – конечно ученикот ќе биде во фокусот, изјави министерката за образование Мила Царовска во гостувањето во МТВ.
-Знаејќи дека образованието е столбот на силните држави почнуваме со промени веднаш. Во новиот концепт на основно образование учениците ќе учествуваат во наставниот час, ќе наоѓаат решенија и ќе имаат зголемена интеракција со наставниците. На тој начин ќе стекнат вештини за решавање проблеми и критично размислување. Наставниците ќе бидат мотивирани со стабилно работно место.За првпат ги зголемуваме дефицитарните кадри преку стипендирање на учениците во средните стручни училишта преку конкурс подготвен според реалните потреби на пазарот на труд. Така ќе придонесеме кон голема екомомска трансформација.И конечно во ова време на пандемија ја покажавме важноста на наставникот, и покажавме успешно спроведување на онлајн учењето. Во ниту еден момент немавме затворање на училиштата туку континуиран образовен процес, изјави Царовска.