Во изминатото деноноќие поради компликации од корона вирусот, хоспитализрани се 72 нови пациенти во ковид центрите во Скопје. Вкупно 692 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 33 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 3 нови болни. Не биле примени пациенти на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина биле примени 2 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 72 оздравени пациенти, велат од МЗ.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 306 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 6 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 35 болни.
Вкупно 692 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град.
Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, известуваат од ресорното министерство.
Од таму напоменуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна подршка, велат од здравство.