Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврди дека има докази дека МВР издала македонски пасоши и лични документи со позајмен идентитет на нарко босови против кои во соседните земји но и земјите од регионот се водат одредени предистражни и истражни постапки.
– Таков пасош издаден од МВР има и лицето Јован Вукотиќ, кој медиумите го преставуваат како водач на Шкаљарски клан, а пасошот бил на име Андонов Георги. Вукотиќ во белградскиот Суд признава дека добил македонски пасош, на туѓ идентитет. Уапсен во Анталија и испратен во Србија. Во неговиот исказ кој го води заменик јавниот обвинител јасно стои, дека тој дошол во Македонија, дал отпечаток, на патната исправа е неговата слика, и со таа патна исправа патувал Украина, Шпанија, Турција итн.Вториот Седат Бекер, кој има барање за лична карта Џаидин Амедовски, фигурира и во избирачки список, има право на глас и во Општина Чаир. Овие докумети ќе ги предадеме и на обвинителството за брза акција, изјави Мицкоски.