158
Денеска (06.04.2021) во 13.30 во с.Букојчани, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Џ.Ј.(54) од с.Букојчани зато што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка „ИЗ 18“ од руско производство, која ја поседувал без дозвола.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик, за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.