Техники кои ќе ви помогнат ПОЛЕСНО ДА ГО УСПИЕТЕ ВАШЕТО БЕБЕ

од Stefanija Kuzmanovska
247 прегледи

Колку и да го сакате вашето бебе, неговото заспивањето сигурно некогаш ви е премногу тешко. Родителите многу добро знаат дека тоа не е најлесната работа во светот, колку и да изгледа слатко. За среќа, постојат начини да се олесни процесот, а на вас е да испробате различни техники.

Во продолжение следуваат четири, кои се покажале како најефикасни.

Набљудуваат сè околу себе

Поттикнете го вашето бебе да се фокусира на една работа. Бебињата се природно многу љубопитни и сакаат да набљудуваат сè околу нив, со цел да ја запознаат околината. Ако успеете да го насочите погледот на бебето кон одредена работа, тоа многу брзо ќе се успие и ќе ги затвори очите.

Смирете го бебето со нежно движење на раката над лицето

Ова е добар трик ако бебето е веќе поспано. Полека движете ја раката над лицето на бебето, без да го допирате. Правете кругови, немојте да одите напред-назад. Полека забавете, и по неколку движења бебето ќе се смири.

Забавувајте ги сите движења полека

Забавување и нежно темпо – Сè што ќе одлучите да направите за да го смирите вашето бебе, без разлика дали е тоа нишкање, галење или цупкање, клучот е да ги забавувате сите движења полека, за бебето да се смири полесно.

Нишкајте го полека

Доброто старо нишкање! Обидете се со нешто малку поразлично овој пат – додека го држите бебето во раце, ставете ја едната рака на задникот на бебето и нежно нишкајте. Ова ќе ѝ годи, па многу полесно ќе заспие.

Слични содржини