682
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва објави дека од шеикот Насер бин Хамад бин Иса Ил Ал Калифа добил две кученца од расата салуки.
„Најубав подарок од мојот пријател @našer13hamad – две кутриња салуки. Ќе се обидам да ги чувам во Јајинци, да ги пазам и да се грижам за нив. Ти благодарам многу, драг пријателе!“, објави Вучиќ на Инстаграм профилот на Budućnostsrbije.av со фотографија.
Шеикот Насер бин Хамад бин Иса Ал Калифа, син и пратеник на кралот на Бахреин за хуманитарна работа, младински прашања и советници за национална безбедност, денеска ја посети Србија.