Во Грција најмногу починати за еден ден од почетокот на пандемијата

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Во Грција 79 лица починаа во последните 24 часа како резултат на коронавирусот, што е највисоко за еден ден од почетокот на пандемијата.

Така, според Танјуг, бројот на жртви на вирусот во оваа земја се искачи на 8.532.

Регистрирани се 4.309 нови случаи, а повеќе од 500 пациенти се хоспитализирани денес.

Во моментов има 751 пациент на респиратор, пренесува АНА.