Новите истражувања покажуваат дека заштитата од Ковид-19 со помош на вакцината на Модерна трае најмалку шест месеци, објави АП.
Во денешниот извештај, „Њу Ингланд Џурнал“ наведува она што го изјави Фајзер минатата недела за неговата вакцина, а тоа е дека Модерна работи на истиот принцип.
И двата извештаи, на Фајзер и Модерна, се темелат на тестови на десетици луѓе кои примиле вакцина за време на студиите што претходеле на масовна имунизација.
Сепак, тие студии биле направени пред појавата на нови, позаразни видови, поради што во посебен извештај во медицинско списание пишува за загриженост за мутирани типови на Ковид.
Фајзер и Модерна соопштија дека работат на ажурирање на вакцините или можност за давање друга доза, доколку е потребно, против нови видови.