Компанијата Модерна забележа голем пад на интересот за вакцини против ковид

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Американската фармацевтска и биотехнолошка компанија „Модерна“ објави дека забележала загуба од 3,63 милијарди долари во третиот квартал поради падот на интересот за единствениот нејзин производ на пазарот – вакцините против ковид-19.

Како што пренесува CNBC, „Модерна“ забележала загуба од 9,53 долари по акција, додека во истиот квартал минатата година забележала добивка од 1,04 милијарди долари или 2,53 долари по акција.

Приходите на компанијата во третиот квартал изнесуваат 1,83 милијарди долари, а Вол Стрит очекуваше да биде уште помал – 1,4 милијарди долари.

Финансискиот директор на „Модерна“, Џејмс Мок, најави дека поради слабиот интерес за вакцини, компанијата ќе го намали производствениот капацитет и ќе ја ограничи набавката на суровини.

„За време на пандемијата бевме опседнати со зголемување на производството со цел да направиме што повеќе дози и да им помогнеме на што повеќе луѓе. Сега е важно да се намали големината на компанијата“, ги коментираше резултатите извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел.

Слични содржини