Трудо предупреди: Третиот бран на пандемија ја погоди Канада со повеќе од 5.000 нови случаи на ден

од Берта Китинска
211 прегледи

Канадскиот премиер Џастин Трудо предупреди денеска дека третиот бран на пандемија на вирусот ја погоди земјата.

– Земјите ширум светот се соочуваат со многу сериозен трет бран на оваа пандемија. И сега е исто во Канада – рече Трудо на прес-конференција.

Бројот на хоспитализации рапидно расте, а креветите во одделите за интензивна нега се полнат, предупреди канадскиот премиер.

Канада бележи скоро 5.200 нови случаи на коронавирус дневно оваа недела, пренесува Би-Би-Си. Најнаселената провинција Онтарио беше ставена во ограничена блокада за време на викендот, а здравствените експерти повикуваат на воведување построги мерки, според Танјуг.

Повеќе од 23.000 Канаѓани починаа од ефектите на вирусот корона досега.

Слични содржини