ЕМА ќе истражува дали испитувањата за Спутник V се во рамки на стандардите

271 прегледи

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе започне да истражува следната недела дали се спроведени клинички испитувања на руската вакцина Спутник V против ковид-19 во согласност со глобалните клинички и научни упатства, објави во средата „Фајненшл тајмс“.
ЕМА ја спроведува анализата во време кога луѓето кои се запознати со процесот на одобрување на вакцините, за „Фајненшл тајмс“ изјавија дека испитувањата на Спутник В не биле спроведени во согласност со етичките стандарди.

Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), за весникот изјави дека „не бил извршен притисок (учесниците)“ и дека испитувањата на Спутник биле спроведени „во согласност со клиничката пракса“.

Русија соопшти дека припадниците на војската и државните службеници учествувале во тестирањето на вакцината, што ја изработила државна лабораторија и го финансирала RDIF.

Слични содржини