Џафери со честитка по повод 8 Април – Светскиот ден на Ромите

од Andreja Salpe
317 прегледи

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска упати честитка по повод одбележување на 8 Април – Светски ден на Ромите.

„Ми претставува чест и задоволство од свое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да Ви го честитам овој толку важен ден за ромската заедница, односно полни 31 година од прогласувањето на 8 Април за Светски ден на Ромите од страна на Обединетите нации, одбележувањето на 50-годишниот јубилеј од првиот Ромски конгрес од 1971 година, и секако, 20-годишнината од впишувањето на Ромите во Уставот на Република Северна Македонија. Во ова заедничко општество кое сите го градиме, поединечно а сепак заедно, различностите се нашиот главен адут со кој му претставуваме на дело на светот што значи да живееш и твориш имајќи во секој миг, и на секое поле од општественото живеење меѓусебна почит и разбирање. Градењето на инклузивно општество, со достоинствени услови за живот, творење, напредување на секој поединец е наша обврска која произлегува од ратификуваните универзални декларации, од Стратегијата за Ромите и Стратешките планови на Владата, така што во ниту еден миг не смее да се доведе во прашање целосната интеграција на сите наши граѓани”, стои во честитката од Џафери.

Слични содржини