325
Пет лица, меѓу кои и две деца, беа убиени во пукање во куќа во Рок Хил во американската држава Јужна Каролина.
Уште едно лице е сериозно повредено, а осомничениот за пукањето е уапсен, објавено е од канцеларијата на шерифот во областа Јорк, пренесува ABC News.
“Го идентификувавме лицето одговорно за пукањето. Го најдовме во близина на куќата. Нема активна закана за заедницата”, соопшти канцеларијата на шерифот на Твитер.