Модната дизајнерка и поранешна членка на музичкиот бенд „Spice Girls“, Викторија Бекам, наводно е многу загрижена за односот помеѓу нејзиниот син Бруклин и неговата свршеница Никола Пелц.
Според „Heat World“, поранешната пејачка верува дека парот ќе „изгори“ од прекумерна желба и силни испади на љубов.
„Таа го предупреди својот син дека овој период на меден месец нема да трае долго. Тој се грижи што го става целото свое „јас“ во врска и дека нема резервен план доколку работите тргнат наопаку. Смета дека љубовите што се толку интензивни на почетокот, нема да траат подоцна“, пренесува „Heat World“.
И покрај тоа, сите се многу среќни што Пелц ќе стане член на нивното семејство.
Бруклин и Никола се запознаа во 2019 година, а наскоро со свои фотографии и коментари ставија до знаење дека има нешто повеќе од пријателство. Девет месеци откако се сретнаа, го направија чекор понатаму – се верија.
Парот не ја крие својата романса, нивните социјални мрежи се полни со споделени фотографии, романтични коментари и пораки. Тој и посвети пет тетоважи на својата свршеница, додека неодамна Никола се пофали со својата прва.