Во Хрватска се очекува пократок животен век за 0,8 години, од 78,6 на 77,8 години, додека најголемо намалување на животниот век е забележано во Шпанија, Бугарија, Литванија, Полска и Романија.
Пандемијата „Ковид-19“ го прекина долгорочниот раст на очекуваниот животен век и во повеќето земји-членки на ЕУ се очекува пократок животен век во 2020 година во споредба со 2019 година, објави во средата Евростат, завод за статистика на Европската комисија.
Најголемо намалување на очекуваниот животен век при раѓање е забележано во Шпанија, 1,6 години помалку, следена од Бугарија, 1,5 години, Литванија, Полска, Романија, 1,4 години помалку. Во Хрватска се очекува пократок животен век за 0,8 години, од 78,6 на 77,8 години.
Само во Данска и Финска се очекува малку подолг животен век од 0,1 година. Во повеќето земји-членки, мажите се нешто повеќе погодени во однос на скратувањето на животниот век.
Очекуваното траење на животот во моментот на раѓање постојано се зголемува во последните децении. Од 1960-тите, очекуваното траење на животот се зголемува во просек за две години во декада. Најновите податоци покажуваат дека има стагнација и пад во неколку земји-членки.