Актерот Бранислав Лечиќ не беше достапен за коментар денес, во текот на целиот ден, во врска со новите обвинувања за сексуално злоставување – овој пат тој беше обвинет од неговата колешка Мерима Исаковиќ, која изјави дека актерот ја напастувал во 1978 година, кога таа имала само 18 години, поради што повторно се крена прашина во јавноста.
Исто така, „Пинк.рс“ наведе дека се обиделе да го контактираат актерот преку неговата ПР-служба, која им испратила изјава, која ја пренесоа во целост.
„Почитувани новинари, би сакале да ве информираме дека, поради денешните обвинувања во медиумите, Бранислав Лечиќ не се чувствува здравствено најдобро. Од истите причини, до ново известување, тој нема да ѝ се обраќа на јавноста, но како што изјави претходно, тој нема да коментира никакви обвинувања против себе сè додека не заврши постапката пред државните органи. Ве молиме, не го вознемирувајте уште еднаш, бидејќи тој навистина не се чувствува добро. Однапред ви благодариме, ПР-тим на Бранислав Лечиќ“, се наведува во соопштението.