Нил Астлес ја добил својата прва доза на „АстраЗенека“ на 17 март. Починал во болница на Велигден по 10 дена проблеми со силни главоболки и губење на видот.
Неговата сестра, раководител на фармацевтскиот оддел на Универзитетот Хадерсфилд, вели дека нејзиниот брат едноставно немал среќа и не сака да ги обесхрабрува луѓето и вели дека треба да продолжат да се вакцинираат со „АстраЗенека“.
Астлес вели дека како фармацевт ја разбира потребата од преглед на безбедноста на лековите, но дека несаканите ефекти на вакцината се исклучително ретки.
Лекарите од болницата каде почина нејзиниот брат велат дека се скоро 100 проценти сигурни дека Нил починал од ефектите на вакцината, но се уште не е утврдена крајната причина за смртта.
Астлес вели дека не жали што нејзиниот брат се вакцинирал со „АстраЗенека“.
– Ниту еден лек не е 100 процентен безбеден. Сите лекови што ги земаме носат со себе и ризици и придобивки, вели Астлес за „Гардијан“.
Таа не сака луѓето да ја изгубат вербата во вакцината.
– Без оглед на тоа што се случи со нашето семејство, ги повикувам сите да одат да се вакцинираат и да ги примаат двете дози на „АстраЗенека“. Како семејство сме целосно лути, но навистина нема од што да се лутиме. Мојот брат едноставно немаше среќа – рече Астлес.
Верува дека придобивките од широката вакцинација се многу поголеми од потенцијалните несакани ефекти што можат да се добијат од вакцината.