Макрадули: Со прогласување на Пошта за загрозен споменик го ставаме на виделина нашето европско наследство во опаснот

од Vladimir Zorba
299 прегледи

Со прогласување на поштата на еден од седумте најзагрозени споменици во Европа, ние го ставаме на виделина нашето европско наследство во опасност, подигнуваме свесност и го трасираме патот кон одржлива иднина на избраните локалитети, рече денеска генералниот директор на А.Д. „Пошта на Северна Македонија”, Јани Макрадули.

Листата на номинирани седум најзагрозени споменици и локалитети со наследство во Европа за 2021 година беше објавена вчера од страна на Европа Ностра – Европскиот глас на граѓанското опшество посветено на културното и природно наследство и неговата партнерска организација, Институтот на Европската инвестициска банка (ЕИБ). А.Д. „Пошта” е дел од оваа листа.

Макрадули денеска на прес-конференција посочи дека избраните седум најзагрозени локалитети добиваат грант за наследство од Институтот на ЕИБ, во висина до 10 илјади евра по локалитет.

Тој потенцира дека оваа сума можеме да ја толкуваме како симболична, но, според него, таа е многу важна, затоа што вчерашниот избор е најдобрата апликација кон европските фондови.

– Се направи првиот чекор, не смееме повеќе да дозволиме нашата негрижа да биде пострашна од пожарот. Овој почеток нека биде поттик за мобилизирање на потребната јавна, стручна, меѓународна, но и поддршка на приватниот сектор, додаде директорот на „Пошта”.

Според Макрадули, неопходна е институционална, техничка и кадровска поддршка од Владата и другите релевантни институции, како и од целата научна и стручна јавност, но и тимска структура за јавен интерес.

Како што рече тој, солидарноста на секој чинител мора да биде катализатор за достигнување на крајната цел.

– Опожарената шалтер сала која се наоѓа во рамките на Зградата на А.Д. „Пошта на Северна Македонија” и официјално стана дел од оваа листа. Како Пошта многу вложуваме во секој детаљ, при организација на секој јавен настап. Но, тоа што остана од овој архитектонски симбол по стравотниот пожар во 2013 година е отворен покрив и со големи ѕидови. Тажна и жална слика која никого не остава рамнодушен. За жал колку и да сакаме шалтер салата во овој момент е простор кој сам не може да се врати во првобитниот сјај, рече Макрадули.

Тој посочи дека просторот е изложен на атмосферски влијанија и климатски промени веќе цели осум години. Според него, нема дилема дека просторот треба наместо затворен и заборавен, да биде отворен и вратен и наместо под клуч, светот да го види преку окото на нашите врвни фотографи, а навечер осветлен.

Слични содржини