305
Порашениот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев заработил парична казна од 150 евра од ДКСК поради неподнесување на измена на имотна состојба.
И покрај неговите тврдења дека во март минатата година 3-те милиони денари од австралиска фирма му биле префрлени законски, сепак тој заборавил овие пари да ги пријави.
„Ги испитуваме ние и другите приливи, но тие податоци треба и другите институции (Финансиското разузнавање) да ги провери, односно тие трансакции, бидејќи ние не можеме преку Австралиските служби. Затоа предлагаме предметот да го затвориме и се предвидува санкција за Ден Дончев поради неподнесување на измена на имотната состојба“, вели Горан Трпеноски од Антикорупциската комисија, во изјава за ТВ Сител.