Карлеуша заигра оро на сцената на Гранд (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
531 прегледи

Шоу програмата „Звезда Гранда“ одамна стана синоним за добро дружење и забава.

Иако честопати беше на мета на критики затоа што одредени песни од народен стил ги нарекуваше „сељачки“, Јелена Карлеуша покажа дека нема простор за предрасуди, па затоа на стариот хит „Медени колачи“ заигра оро.

Карлеуша и другите членови на жирито му приредија мало изненадување на директорот на „Гранд“, кога излетаа на сцената среде шоуто и заиграа оро.

Ѓорѓе Давид ја фати за рака Јелена и ја изнесе на сцената, а другите веднаш истрчаа и одиграа оро, додека Поповиќ беше шокиран.

Слични содржини