По Фејсбук, кражба на 500 милиони корисници на „Linkedin“?!

469 прегледи

По Фејсбук, безбедносните експерти открија друга потенцијална „бомба“ – 500 милиони сметки на LinkedIn се понудени од еден хакер на продажба, пренесува CyberNews.

Наводниот примерок на поголем пакет од над два милиони Интернет профили содржи информации од LinkedIn: целосни имиња, адреси за е-пошта, телефонски броеви и пол. Од „LinkedIn“ сепак велат дека овие податоци содржат информации од повеќе страници и дека оние од професионалната социјална мрежа се помал дел од нив.

„Истражувавме за наводната кражба на податоци од LinkedIn и откривме дека станува збор за комбинација на податоци од други веб-страници и компании“, се вели во официјалното соопштение.

Како своја одбрана, компанијата потенцира дека се собрани само информации достапни на јавниот дел од профилот. LinkedIn инсистира на тоа дека ова не е „неуспех на LinkedIn“, што е технички точно, со оглед на можноста хакерот да ги собрал податоците без да провали во системите на LinkedIn.

LinkedIn сè уште не објави дали ќе ги информира ранливите корисници за собраните податоци (Facebook, да ве потсетиме, не го стори тоа). Ако сакате да проверите дали вашите податоци се наоѓаат во оваа база на податоци, ние ќе ви покажеме како можете да го направите тоа.

Италијанската агенција за приватност на информациите, пак, започна истрага за потегот на LinkedIn, пренесува tportal.

Слични содржини