Турците организираат тури за вакцинација во Србија (ФОТО)

364 прегледи

Објавата на турска туристичка агенција, која наводно организира тури за вакцинација во Србија, се споделува на социјалните мрежи.

Покрај за Србија, тој ги организира и за Русија, а како што пренесуваат медиумите, станува збор за измама.

Оваа компанија организира тури во Србија за вакцинирање со вакцината Фајзер-Бионтек, но и вакцина Модерна, што укажува на можна измама, бидејќи оваа вакцина сè уште не пристигнала во Србија.

Една од турнеите се организира и за време на Бајрам, односно од 14 до 16 мај, а цената за Фајзер и Биотек е 799 евра.

Слични содржини