Милевски: Веруваме во развиено и модерно земјоделие, oбезбедивме 11 агрометеролошки станици во Пелагонискиот регион

450 прегледи

Единаесет агрометеоролошки станици се поставени на отворени земјоделски обработливи површини во Пелагонискиот плански регион со цел подобрување и осовременување на земјоделското стопанство, што ќе овозможи подобра информираност на земјоделците за параметри кои се есенцијални за земјоделското производство, како и осовременување на пристапот до тие информации, во рамки на проектот „Иновациите во функција на унапредување на земјоделството” . На овој начин ќе се овозможи и заштитата на животната средина преку воведувањето на современи технологии во земјоделството.

– Овие нови станици ќе послужат за собирање, обработка и прикажување на метеоролошките податоци како и давање правовремена информација за почетокот, траењето и интензитетот на напаѓање на поединечни болести или штетници врз културите, со што ќе се овозможи прецизно одредување на рокот и начинот за третирање. Идејата е со помош на овие станици, земјоделците да добиваат навремени информации на своите смарт телефони или на компјутер преку пристап на веб страна, за временските услови, влажноста и притисокот на воздухот, кога е поволно време за наводнување, кога има опасност од болести и слично, што пак ќе овозможи унапредување на начинот на одгледување и третирање на земјоделските култури како и на мерките за заштита на животната средина. Проектот е финансиран од страна на Швајцарска агенција за развој и соработка додека вкупната вредност на инвестицијата изнесува 2,5 милиони денари., рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски во Ресен.

Покрај поставените11 агрометеоролошки станици во општините во Пелагонискиот плански регион изработена е и софтвер програма за администрирање со податоците од станиците и инсталирана во сите административни центри на станиците.

– На овој начин обезбедуваме унапредено менаџирање на мерките за заштита на животната средина во земјоделскиот сектор преку користење на податоци од станиците со цел спречување на прекумерна употреба на хемиски средства реагенси, непотребно наводнување и слично. Се подобрува и спроведувањето на добра земјоделска пракса со навремено искористување на обновливите извори на енергија, соодветно искориститување на агротехничките мерки, соодветна количина на прихрана и останати придобивки од новата технологија со цел олеснување на сезонските земјоделски практики. Исто така се овозможува и олеснет пристап до информации за климатските промени за правилно управување со земјоделските култури со користење на податоците од станиците кои ќе придонесат за ефикасно управување со распоредот на агротехничките мерки и употребата на хемиски адитиви и ѓубрива, појасни Милевски.

Исто така спроведена е и инфо кампања за придобивките од проектот и резултатите од станиците со користење на новата технологија и дисеминација на печатени промотивни материјали за начинот на користење на станиците и податоците од нив.

– Мошне сум задоволно тоа како функционира агрометеоролошката станица која се наоѓа на одлична локација бидејќи ги прикажува сите бенефити и информации кои можат да произлезат за локалните земјоделци и граѓаните. Ваквите проекти се од корист буквално за сите, како за земјоделците така и за учениците на средното општинско училиште. Преку вклучување на граѓаните во соработка со Министерство за локална самоуправа сите заедно донесуваат одлуки односно одлучуваат во кои проекти да се инвестира во регионите што е одличен пример кој треба да се следи во иднина, истакна Сибил Сутер, Амбасадорка на Швајцарија.

– Поставувањето на агрометеоролошката станица МЕТЕОБОТ е од голема помош за нашите земјоделци и игра огромна улога во осовременувањето на процесот на производство на јаболка во Преспанскиот регион. Агрометеоролошката станица не случајно е поставена во овошните насади на средното општинско училиште „Цар Самоил”, бидејќи токму во ова училиште се едуцираат нашите идни земјоделски кадри и токму тоа е наша инвестиција во иднината, додаде градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски.

Слични содржини