30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана вредна 800.000 евра

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Кривичниот суд на шестмината осомничени за шверц на марихуана, кои беа уапсени во завчерашната акција на полицијата во прилепско, им одредил 30-дневен притвор, потврдија од судот.

Мерката притвор за сите осомничени е побарана поради опасност од бегство, влијание врз сведоците и повторување на делото.

Лицата се обвинети за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” – кривично дело кое е предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик“.

Од Обвинителството велат дека оваа акција е спроведена по повеќемесечна постапка, координирана и по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Одделот за криминалистичка полиција, во соработка со Одделот за спречување организиран и сериозен криминал и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, а со асистенција на американската служба за борба против дрога – ДЕА и Основното јавно обвинителство – Кавадарци.

Во акцијата беа запленети 200 килограми марихуана вредна 800.000 евра.

Слични содржини