Хоџа за Локално : Не е точно дека сум трошел 210 евра на ден за кафе и храна

588 прегледи

Откако вечерва пропливаа информации за трошењето на министерот, Арјанит Хоџа на државните пари за храна и кафиња во висина од 22.794 евра во изминативе шест месеци, односно 210 евра на ден, „Локално“ го контактираше министерот кој во кратка изјава вели: „Не е вистина дека тој е трошок на министерот. Во текот на утрешниот ден ќе излезам со објава на точните податоци“.

Подоцна излезе со став и на својот официјален ФБ профил:

„Кога ме напаѓат п(а)орталите на ВМРО-ДПМНЕ со невистинити написи што првично ги објавија нивните албански полтрони во опозиција, можам да заклучам дека јас како министер и целиот мој тим сме на вистинскиот пат во управувањето со институцијата.

На клеветите и дезинформациите што се шират дека јас како министер сум потрошил 22.000 (според полтроните на ВМРО) или 23.000 евра (според нивните газди од ВМРО) за кафе и храна, ќе одговорам утре преку објава на транспарентен извештај за секој трошок настанати од 1 јануари 2021 година до 31 март 2021 година!“

Инаку за потсетување, порталот Шкип медиа, објави вечерва дека министерот Хоџа трошел државни пари во бифето „Концепт БАР“, кој го добил тендерот од македонската Влада.

Овие податоци се добиени од буџетската транспарентност при Министерството за финансии, проект финансиран од УСАИД и ИРИ, појасни медиумот кој ја пренесе информацијата.

Слични содржини