Во 2019 година, Масимилијано Алегри му предложи на шефот на Јувентус Андреа Ањели да го продаде Кристијано Роналдо, а после тоа тој мораше да ја напушти клупата на „Старата дама“, пишува „Ла Република“.
Алегри тогаш имаше визија која не се совпаѓаше со онаа на Ањели, па шефот на Старата дама го донесе Маурицио Сари од Челси на негово место.
„Ослободете се од Роналдо, тој го блокира развојот на тимот и клубот“, ги советуваше Алегри тогашните челници на Јувентус.
Ањели тогаш не го послуша Алегри, кој тогаш се прости од клубот, а овој италијански стручњак неодамна беше споменуван како спасител на Јувентус во случај Андра Пирло да добие отказ.
Тогаш Алегри замина по пет последователни титули во италијанскиот шампион, а по него Сари го освои Скудетото и доби отказ по само една година на чело на тимот.