Скопското основно јавно обвинителство оформи предмет за случајот со измамата во кој повеќе граѓани плаќале капар за еден ист стан.
Од ОЈО известуваат дека предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител кој ќе постапува по исиот.
Шестмина граѓани товарат агент за продажба на недвижнини дека ги манипулирал и им продавал ист стан на повеќемина. Тие се измамени за вкупна сума од 32 илјади евра, при што секој засебно, оставил капар од по неколку илјади евра.
Според договорите за капар до кои дојде МИА, склучени помеѓу купувачите и агентот, воочливо е дека за еден ист стан тројца граѓани платиле капар од 5 500, 4 500 и 1 000 евра. Со капар од по 8 000 и 5 000 евра, за станови од истата зграда, се оштетени и други двајца купувачи, кои се обидуваат да си купат стан уште од минатата есен. Со 8 000 евра е оштетен и уште еден купувач кој дознава дека е измамен во март оваа година.