Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, денес изјави дека, за разлика од другите двајца членови, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ, тој смета дека е можна мирна разделба во БиХ. „Опцијата за мирно одвојување е една од нив и може да се зборува. Додека седам овде, нема да дозволам можност за војна, дури ни за РС, но ќе работам за да се постигне можноста за мирна разделба“, рече Додик.
Додик ја отфрли можноста за војна поради поделбата и истакна дека ќе работи на тоа да се случи мирно.
„На кого му е до војна, кому командува Комшиќ? На која армија е генерал? Тие сè уште се фалат дека се за војна. Го одбивам зборот војна“, рече Додик на вонредната прес-конференција во Источно Сараево.
Додик ова го рече по повод вчерашната изјава на Комшиќ дека словенечкиот претседател Борут Пахор, за време на неодамнешниот престој во Сараево, ги прашал членовите на Претседателството на БиХ дали е можно мирно разделување на БиХ.
Комшиќ рече дека тој и Џаферовиќ тогаш изјавиле дека тоа не е можно, а Додик го кажал спротивното.