Медиуми од БиХ денеска објавија дека премиерот на Словенија, Јанез Јанша предал неофицијален дипломатски документ на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, т.н. „нон-пејпер“, во кој тој наводно предлага промена на границите на Западен Балкан и поделба на БиХ по етничка основа.
Јанша ги демантираше тие информации, а портпаролот на Европската комисија – Питер Стано тврди дека приказната е измислена.
„Позицијата на ЕУ е многу јасна и нема ништо што треба да се промени. Треба да работиме на регионална соработка и помирување. Тоа е идејата и логиката на процесот на пристапување – обид да се решат сите прашања, така што процесот нема да оди во опасни области, придржувајќи се кон европските закони и принципи“, вели Стано.