Перез останува на чело на Реал Мадрид до 2025 година!

од Vladimir Zorba
348 прегледи

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез беше реизбран на таа позиција денес и ќе биде на чело на „кралскиот“ клуб до 2025 година.

Тоа ќе биде шести мандат на Перез како претседател на Реал, откако тој беше единствениот кандидат на овие избори.

На таа позиција за прв пат застана во 2000 година.

Под негова команда, Реал има освоено 26 фудбалски титули, вклучувајќи пет титули во Лигата на шампионите и пет клупски Светски првенства.

Слични содржини