Од пријавените за вакцинација, речиси 20%, односно 3.400 граѓани не се појавиле на закажаниот термин, а причините засега се уште не се познати, пренесе вечерва Сител.
Според протоколот за вакцинација, доколку истите лица се предомислат и повторно се пријават, ќе мора да го чекаат својот термин одновно, но овојпат откако ќе заврши вакцинацијата за сите приоритетни групи.
Според споделените информации, во нашата земја во моментов има околу 5.000 достапни дози на вакцини, половина од нив се од „Спутник V“, додека остатокот од „Астра Зенека“.
Тие во моментов се наоѓаат во депото на Министерството за здравство и кои што допрва ќе треба да бидат транспортирани до пунктовите ширум земјата.