Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денес изјави дека дијалогот со Белград не е приоритет, бидејќи пред тоа, Приштина треба да обезбеди вакцинација против коронавирус за населението.
Османи изјави дека дијалогот не може да стане приоритет се додека не се обезбедат вакцини за граѓаните, ја пренесува РТС изјавата од средбата со чешкиот амбасадор во Приштина, Павел Билек.
На Косово ќе му помогнат пријателски земји и меѓународни организации во обезбедувањето на потребното количество вакцини, рече Османи.
Честитајќи и го на Османи изборот за претседател, Билек ги спомна предизвиците на пандемијата со кои се соочува целиот свет и посочи дека Чешка го поддржува европскиот пат на Приштина, се вели во соопштението од кабинетот на Османи.