Ќе има масовна вакцинација во неколку градови ширум земјава

од Nikola Popovski
352 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче за периодот кој следува најави масовна вакцинација на повеќе локации низ државата, онаква каква што во моментов се спроведува во А1 Арената Борис Трајковски.

Според него, со ова се планира значително да се интензивира процесот на имунизација во моментот кога ќе пристигнат поголемите количини на вакцини, во периодот кој следува.

„ Во овој период којшто е пред нас ќе работиме очекувајќи ги кинеските вакцини кои ќе направат најголема промена во динамиката на спроведување на вакцинацијата. Најавени се и масовни вакцинации во градовите Куманово, Штип, Охрид, Тетово, Кавадарци, покривајќи соодветни региони околу овие Здравствени домови кои може овој процес да го изменаџираат со кадар“ рече Филипче.

Слични содржини