Прва изјава на Нина Радуловиќ за случајот Лечиќ-Штајнфелд

од Stefanija Kuzmanovska
465 прегледи

Поранешната сопруга на Бранислав Лечиќ, водителката Нина Радуловиќ, не се огласуваше за медиумите во врска со обвинувањата за сексуално злоставување изнесени против него од страна на актерките Данијела Штајнфлд, а потоа и Мерима Исаковиќ.

Таа сега за списанието „Стори“ јасно стави до знаење дека нема да се огласува по овој повод и дека, како што вели, медиумите му нанеле голема штета на нејзиното семејство.

„Можеме да се слушнеме, но ако причината за нашиот разговор е моето јавно излагање во врска со случајот што се случи неодамна, веднаш да ви кажам дека не сум, ниту ќе зборувам јавно за тоа. Медиумите веќе му нанесоа голема штета на моето семејство, па затоа не можам свесно да бидам медиум за иживување. Ви благодарам на разбирањето“, изјавила кратко водителката за споменатото списание.

Да потсетиме, актерката Данијела Штајнфелд на крајот на минатиот месец во Вишото јавно обвинителство во Белград откри дека во мај 2012 година, била силувана од актерот и политичар Бранислав Лечиќ.

Потоа, во текот на минатата недела, актерката Мерима Исаковиќ во опширно признание за „Недељник“ изјави дека пред 40 години доживеала обид за силување од истиот актер.

Слични содржини