Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен вели дека Европската унија постигнала значителен успех со дадени 100 милиони дози вакцини против КОВИД-19.
„Досега се доставени повеќе од 126 милиони дози вакцини во земјите-членки на ЕУ, а досега се примени 100 милиони дози, од кои повеќе од 27 милиони Европејци примиле втора доза на вакцина. Тоа е добра вест“, рече Лејен.
Таа најави дека ЕУ ќе добие дополнителни 50 милиони дози вакцина Pfizer во вториот квартал со цел да се забрза вакцинацијата и да се достигне целта на 70 проценти од вакцинираната возрасна популација до септември.
Европската унија досега има потпишано договори за снабдување со вакцини со шест фармацевтски компании: Pfizer / BioNTech, Moderna, AstraZeneca, CureVac, Johnson & Johnson и Sanofi / GlaxoSmithKline, за да купи околу 2,6 милијарди дози за околу 450 милиони жители.