Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Пријавени се вкупно 33 починати лица: 11 од Скопје (54г, 67г , 68г, 70г, 71г, 72г ,72г, 75г 77г, 86г и 87г), по 3 лица од Битола (49г, 66г и 74г) и Тетово (40г, 65г и 85г), по 2 починати лица од Куманово ( 66г и 84г), Прилеп (67г и 75г), Охрид (72г и 84г) и Гевгелија (25г и 76г) и по едно лице од Кочани (58г), Штип (65г), Кавадарци (58г), Струга (65г), Радовиш (74г), Делчево (79г), Неготино (87г) и Берово (87г).
Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите се починати во болнички услови.
Направени се 3.610 тестови преку: ИЈЗ-679, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-77, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-8, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–78, МАНУ-158, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-208, Биотек-241, Систина-214, лабораторија Лаор-351, Синлаб – 63, Ремедика-46, Плодност – 60, Генеа – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.187.
Досега во земјата се направени вкупно 677.988 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 144.111, бројката на оздравени пациенти е 119.683, на починати е 4.322, а бројот на активни случаи изнесува 20.106.