Со цел да се заштитат здраавјето и интересот на потрошувачите и граѓаните да имата можност да направат личен и правилен избор врз основа на вистина и чесни информации денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) потпишаа меморандум за соработка, а сето тоа е во врска со рекламирање, телешопинг, пласирање производи и спонзорство за храна и додатоци во исхрана во програмите на радијата и телевизиите, особено во поглед на здравствените и нутритивни тврдења, за тврдењата за намалување на ризикот од болест и за измамите поврзани со храна, соопштија од АВМУ
Имајќи ја предвид ранливоста на најмладите, додаваат, посебен фокус ќе биде ставен на аудио и аудиовизуелните комерцијални комуникации што се составен дел или ги придружуваат емисиите за деца, а кои содржат масти, заситени масни киселини, сол/натриум и шеќери, чие прекумерно внесување во вкупната исхрана не е препорачливо.
– Размената на информации меѓу двете агенции ќе биде во функција на доследно почитување на законски пропишаните правила и стандарди за комерцијални комуникации кои се однесуваат на храна и додатоци во исхраната, посочи директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски.